• недела, 22 декември 2024

Младите од Илинден добија ново мултифункционално игралиште 

Младите од Илинден добија ново мултифункционално игралиште 

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со учениците од СОСУ „Илинден“ одиграа фудбалски натпревар на новото  мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден, информираат од Општината. 

Новото мултифункционално игралиште кое е прво од ваков тип во Општина Илинден, се простира на површина од околу 1000 метри квадратни и наменето е за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, поставена е  заштитна ограда, поставено лед осветлување, клупи, корпи за отпадоци,  партерно уреден простор, со што се добива комплетно нов лик на овој спортски терен во Илинден. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој направил увид на новоизградениот спортски терен истакнал дека со изградбата на мултифункционалното игралиште младите од Општина Илинден добиле спортски терен граден според високи стандарди, каде можат во спортски дух да го поминуваат слободното време. Тој додал дека во наредниот период овој спортски комплекс ќе добие атлетска патека и трибина. 

Како што додаваат од Општина Илинден, градоначалникот Георгиевски во консултација со семејството предложил овој спортски комплекс по неговоро финално завршување со останатите содржини да го носи името на прерано загинатиот бранител од Илинден, Драго Маневски кој го загуби животот во борбените дејствија во 2001 година. сст/цр/

фото Општина Илинден

 

 

Остани поврзан