• недела, 21 јули 2024

Младите кошаркари на Младост Битола на турнири во Хрватска и Италија

Младите кошаркари на Младост Битола на турнири во Хрватска и Италија

Битола, 16 јуни 2022 (МИА) - Младите кошаркари од клуб „Младост“-Битола по пауза од неколку години предизвикана од корона-кризата, повторно и со три екипи учествуваат на меѓународни натпревари во Хрватска и Италија.

Од КК „Младост“-Битола информираа дека ќе одиграат натпревари во Задар, Хрватска и во Подензано, Италија со категориите: девојки родени 2008/2009 година и помлади, момчиња родени 2005/2006 и момчиња родени 2007/2008 година и помлади.

Младите кошаркари од Битола и нивното водство освен во градовите каде ќе се одиграат натпреварите ќе престојуваат во Будва, Сплит, Венеција, Пјаченца и Верона. мт/зс/

Остани поврзан