• вторник, 25 јуни 2024

Младите игроорци од Негорци настапија на меѓународен фестивал во Турција

Младите игроорци од Негорци настапија на меѓународен фестивал во Турција
Гевгелија, 29 април 2022 (МИА) - Подмладокот на КУД „Негорци“ се врати од Турција, каде деновиве успешно настапуваше на 17. Меѓународен детски фестивал во градот Назили, кој традиционално се одржува секоја година по повод Денот на националниот суверенитет на Турција и Денот на детето. Покрај своите врсници од Бугарија, Грузија, Киргистан и домаќинот Турција, младите игроорци од Негорци имале четири успешни презентации на кои го претставиле раскошното богатство на нашиот фолклор. Заедно со учесниците на фестивалот од другите земји, тие биле примени во кабинетот на градоначалникот на Назили, Куршат Енгин Озџан, кој им врачил пригодни подароци карактеристични за регионите во кои настапиле. им/ар/

Остани поврзан