Младинската кошаркарска репрезентација убедлива против Косово
- Младинската кошаркарска репрезентација на Северна Македонија славеше убедлива победа над Косово (85:67) во третиот меч на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.

Тбилиси, 17 јули 2022 (МИА) - Младинската кошаркарска репрезентација на Северна Македонија славеше убедлива победа над Косово (85:67) во третиот меч на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.
Најмнофу реализации на мечот, по 14, имаа Хот и Митревски, Андоноски 13, а Миловановиќ уште 10.
По три одиграни натпревари во групата „Б“, Македонија има ефект од две победи и еден пораз.
Следуваат два дена пауза за нашата младинска репрезентација, а на 20 јули од 17 часот против Грузија е закажан мечот кој одлучува за пласман во четвртфиналето.ар/бк/