МКЦК: Кампања за дезинформации ја загрозува работата на Црвениот крст во Украина
- Голема кампања за дезинформации насочена кон Црвениот крст бидејќи обезбедува помош во конфликтот во Украина го става во ризик нејзиниот персонал, соопшти денеска организацијата. Меѓународнио
Женева, 29 март 2022 (МИА) - Голема кампања за дезинформации насочена кон Црвениот крст бидејќи обезбедува помош во конфликтот во Украина го става во ризик нејзиниот персонал, соопшти денеска организацијата. Меѓународниот комитет на Црвениот крст, исто така, го осуди „неприфатливото“ ниво на насилство што се нанесува врз цивилите.
МКЦК соопшти дека се соочила со низа обвинувања поради нејзините напори да се обиде да ја олесни евакуацијата од бомбардираните градови во Украина и поради нејзината комуникација со двете страни во конфликтот.
„Гледаме намерни, насочени напади кои користат лажни наративи и ги шират овие информации за да ја дискредитираат МКЦК“, изјави портпаролот Јуан Вотсон во Женева.
Откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина на 24 февруари, имаше „огромен проток на дезинформации и дезинформации што ги гледаме како намерни, насочени и оркестрирани низ каналите на социјалните медиуми... и повремено се појавуваат во главните медиуми.
„Ова има потенцијал да предизвика вистинска штета за нашите тимови... на теренот и за луѓето на кои им служиме“.
Едно обвинување кое кружеше на социјалните мрежи беше дека телото со седиште во Женева помогнало во организирањето на принудна евакуација на Украинците од опколениот град Мариупол во Русија. аа/