• недела, 22 декември 2024

#МКЕкономија „Довербата расте” и инфо-сесија за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции

#МКЕкономија „Довербата расте”  и инфо-сесија за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции

Скопје, 9 октомви 2023 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија денеска организира настан #МКЕкономија „Довербата расте” наменет за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Како што соопштија од владината прес-служба, пред компаниите ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Дополнително, на настанот ќе се одржи и инфо сесија за компаниите со процедурите за користење на поддршката од Законот, а дел од компаниите ќе ги презентираат и резултатите од нивните инвестициски циклуси како и резултатите од поддршката од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите е донесен во 2018 година. Со Владина поддршка за домашните компании од 2018 до 2023 година се поддржани 919 компании со 100 милиони евра. вг/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан