• понеделник, 23 декември 2024

Мишел: ЕУ продолжува со борба против тероризмот и заштита на демократијата

Мишел: ЕУ продолжува со борба против тероризмот и заштита на демократијата
Париз, 10 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека ЕУ ќе продолжи да ги застапува своите вредности кога станува збор за борба против тероризмот и заштита на демократијата. - Европа ќе продолжи да ја штити слободата на говор и меѓународниот дијалог, а нема да падне во стапица на оние кои поттикнуваат насилство, порача Мишел. Тој, учествувајќи преку видео линк на конференцијата посветена на борбата против тероризмот и одговорот на последните напади низ Европа, а чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон, ги повика сите земји членки на Унијата уште посилно да се заложат и соработуваат со цел да се подобри безбедноста во Европа. - Борбата која заедно ја водиме против тероризмот е борба за одбрана на основните европски вредности, нагласи Мишел. Тој посебно укажа на важноста на спречување и брзо отстранување на говорот на омраза и содржини кои поттикнуваат насилство, а се објавуваат на интернет. гт/

Остани поврзан