• четврток, 21 ноември 2024

Мицкоски: Ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК

Мицкоски: Ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК

Гостивар, 28 октомври 2024 (МИА) - Модерна, современа, енергетски ефикасна градба и добри курикулуми за настава ќе бидат вложени во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а превидено е да ги довршиме и факултетите ФИНКИ и ФФК, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Гостивар.

- Универзитетот „Мајка Тереза“ е најмлад универзитет и е дел од образовната политика на оваа влада и се разбира дека треба да се поддржи и дека треба да се вложи и да се направи модерна, современа инфраструктура и тоа не само инфраструктура, туку и добри наставни планови, да излезат добри студенти, зашто ние како општество ќе имаме бенефит од сето тоа, рече Мицкоски.

Тој посочи дека освен овој кампус, ќе се завршат и двата недовршени објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

- И ќе ги довршиме сите објекти кои долго време се споменици. Мораме тоа да го завршиме, затоа што тоа го очекуваат од нас граѓаните, бидејќи лошо делува центарот на главниот град, мораме тоа да го завршиме за да имаме пристојно место за живеење.Така што, за овие четири месеци имаме движење и очекувам во следните четири месеци да имаме прогрес на теренот. Сакаме да вложуваме во образованието и ќе продолжиме, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. 

Освен на двата објекта, Мицкоски најави дека треба да се интервенира и на зградата на НБРМ и ќе биде потребно да се продолжи рокот за градење. згм/мд/

Фото: Влада 

 

 

Остани поврзан