• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Ја затворив темата за Никола Груевски и немам намера повеќе да се враќам, да се фокусираме на иднината на нашата Македонија

Мицкоски: Ја затворив темата за Никола Груевски и немам намера повеќе да се враќам, да се фокусираме на иднината на нашата Македонија

Лозово, 31 октомври 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ е организација, којашто ги обединува луѓето не поради личност, туку околу идејата. Не постои ниту еден човек, којшто може да биде над таа идеја, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во Лозово одговараше на прашањето за судирот меѓу него и Никола Груевски и дали на следните избори очекува да има влијание Груевски на  изборниот резултат, односно да одземе дел од гласачите, кои традиционално гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека токму таа идеја започна пред 130 години, во еден град на стотина километри од Општина Лозово.

-Таа идеја нас не обединува и таа идеја нас не држи, ВМРО-ДПМНЕ со децении, со години итн. Ниту еден политичар, ниту еден човек не може да биде над таа идеја, а јас сум убеден дека денес граѓаните на Македонија ќе се обединат во така голем број околу таа идеја, вели Мицкоски.

Тој истакна  дека е фокусиран на одговорноста што треба да ја има по победата околу таа идеја, а се што имал да каже поврзано со Никола Груевски веќе го кажал.

-Ја затворив таа тема и немам намера повеќе да се враќам. Да се фокусираме на идејата, да се фокусираме на иднината на нашата Македонија, порача Мицкоски.

Прашан за влијанието на Груевски преку донесување на новиот Кривичен законик, а се говори и за прифаќање од страна на Врховниот суд на амнестијата, којашто ја донесе претходниот претседател, Ѓорѓе Иванов, со што се отвораат и евентуални маневри на Груевски, Мицкоски со одговор дека други домашни политички елити прават обиди за влијание врз Врховниот суд.

-Треба отворено да ги кажуваме работите, а тоа е дека тие се обидуваат да влијаат врз судиите, кои се дел од Врховниот суд да ја сменат својата одлука, којашто еднаш е донесена. За еден ист таков предмет, а тоа е одлуката во којашто врховните судии дадоа негативно мислење за важењето на аболицијата дадена од претходниот претседател Ѓорѓе Иванов и на тој начин тие ценат дека поединци, коишто се опфатени со таа одлука ќе бидат амнестирани во пакет со Кривичниот законик, со некои други гимнастики и на тој начин ќе направат повторно, како би рекол некаков проблем во Македонија и ќе предизвикаат некаква криза, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски застанува позади изјавата на амбасадорот на САД, која е дадена вчера дека политичарите, но и влијателните бизнисмени конечно треба да ги тргнат рацете од судството и од обвинителството. Мицкоски ги охрабрува судиите во Врховниот суд да не подлегнуваат на политички притисоци, бидејќи ако се случат како што вели некои гимнастики ќе има и одговорност, не само професионално, туку и кривично. вдј/дма/

 

Остани поврзан