• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: Фотелјите на Заев и Филипче не се поважни од вистината

Мицкоски: Фотелјите на Заев и Филипче не се поважни од вистината
Скопје, 14 септември 2021 10 прашања на кои Зоран Заев и Филипче немаат одговори. Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве: -Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин? -Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки? -Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ? -Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита? -Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните? -Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите? -Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат? -Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството? -Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна? -Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата? Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината. Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан