• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Состојбата со корупцијата од 2015 е двојно влошена

Мицкоски: Состојбата со корупцијата од 2015 е двојно влошена

19 февруари 2023

Корупцијата и криминалците во политиката се најголемиот проблем во Македонија. Корупцијата и криминалот се причина за помалку пари во буџетот, помалку за образованието, здравството, земјоделците, младите, пензионерите, помалку странски и домашни инвеститори, а повеќе иселување, помалку за спортот и културата, а повеќе за нови хациенди на корумпирани политичари во Македонија. Корупцијата и криминалот во владата на ДУИ подржана од СДСМ има епидемични големини.
World Justice Project (WJP) еднаш годишно објавува табела за индикаторот кој прави квантитативна анализа на корупцијата во светот.
Македонија во 2015 година била на 38 место (слика 1), а во 2022 година е на 73 место (слика 2). Речиси за двојно е влошена состојбата со корупцијата.
Имаме план, знаеме како да се бориме против корупцијата и криминалците во политиката. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред!
 
Линк од фб статус:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан