• сабота, 06 декември 2025

Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада

Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада

Скопје, 6 декември 2025 (МИА) - Растот на БДП од 3,8 во третиот квартал од годинава, според премиерот Христијан Мицкоски, е показател дека периодот на консолидирање завршил и дека економијата оди добро. Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на денешниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека со тоа паѓаат во вода сите лаги на опозицијата пласирани во изминатиот период. 

- Контиунирано зборуваме дека почнуваат да излегуваат на површина првите индикатори за стабилизирање и консолидирање после катаклизамата што ја остави преходната влада, би рекол, најкриминалната влада во поновата историја на Македонија, влада којашто се занимаваше со плантажи за марихуана, со наместени тендери, со политички милионери, со сите оние скандали кои што ја следеа, со дупка во буџетот поголема од 200 милиони евра и.т.н. Периодот на консолидирање завршува и ова се првите индикатори дека на економијата и оди добро, оцени Мицкоски. 

Индикаторот за раст на БДП, вели Мицкоски, е големо постигнување и е охрабрувачки.

- 3,8 реален раст во третиот квартал 2025 година надополнет со историски високи 10,2 проценти номинален на БДП е навистина показател и податок кој, во услови на ваков пазар во рамки на Европската унија, за нас претставува големо постигнување. Прва во Европа е Ирска, според податоците на Евростат, втора е Данска со 3,9, ние го делиме третото место со Кипар. Соседна Србија е некаде околу 2 проценти, во Грција се очекува 1,7 проценти, Турција е некаде 3,7 проценти, посочи Мицкоски. 

Следната година на економски план, според Мицкоски, ќе биде предизвикувачка бидејќи треба да се вратат долгови во висина од над 2,2 милијарди евра. бак/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан