• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Рамковниот договор донесе мир, но за одредени политички партии е најдобар и се спроведува само под услов кога тие се на власт

Мицкоски: Рамковниот договор донесе мир, но за одредени политички партии е најдобар и се спроведува само под услов кога тие се на власт

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на Рамковниот договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. Од овој аспект мора да се разбере дека ова е една заедничка татковина за сите и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и борба за подобар живот под исто небо. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на на нашите сограѓани.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената седница на Владата по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека 23 години се доволна временска дистанца на работите да се погледне со доза на објективност и да се говори за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред нас. 

-Тоа што сме различни по етничка можеби и по верска припадност, не не прави различни по потребите и приоритети, а главна потреба и приоритет на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес. Но вистинското прашање е зошто тоа е така и кои се мотивите, кажа Мицкоски.

Според него, многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто ги користат како прекривка за прикривање на своите лични и најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат, се градат кареиери во тоа име, додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдевието, како и сите останати граѓани е се потежок и понесреќен.

-За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозиција смислуваат критики и креативни решенија на негово надополнување, но и различно читање на правата и обврските кои произлегуваат од него. Притоа заборавајќи колку е скапа цената на тој договор и дека тој договор меѓудругото е напишан и со многу страдања и жртви од сите страни и во извесна мера тоа е и непочит кон тие жртви кои ги има од сите страни. Кон темата меѓуетнички односи се однесуваат неодговорно затоа што најмалку внимание посветуваа на ова, колку што беа предадени и фокусирани кон личните интереси, бизниси и тендери. Ова го користат како платформа за себепромоција, градење на кариери и бизнис коалиции, потенцира премиерот Мицкоски. Тие наместо градители на меѓуетничките однсои стануваа профитери од истоте тие прашања и кога зборуваат за еропските вреднбости, знаете дека тогаш ги кршат највеќе. Колку пати овие луѓе сте ги забележале на терен кај реалниот човек да помогнат и да се запознаат со вистинскиот живот, праша Мицкоски.

Според него, вистинското прашање колку е денес задоволен обичниот Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, и сите останати граѓани.

-Одбивам да навлегувам во етничките перипетии на поединци,  ајде заедно да се мериме по тоа колку ќе го подобриме животот на граѓаните, и колку ќе понудиме решенија на тие проблеми. Денес патриотизмот не се мери по тоа колку знамиња ќе развиориме или колку често ќе зборите за етнички теми или дилеми ќе наметнете, туку колку проблеми ќе решите на терен и како ќе го подобрите животот. Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и на што мора да работиме се реалните проблеми на на нашите сограѓани. Јавноста не треба да паѓа во замката на нови и нови бесконечни етнички барања на партиите кои сега се опозиција. Тие ја имаа својата шанса и времето го потрошија на лично богатење, и наместо да бидат посвети на борбата да се постави за подобар живот, посилно образование, економија, повеќе пари за граѓаните, тие одлучија за себе да градат дворци хациенти, да купуваат трговски центри, да се злоупотребува што се може да се злоупотреби, вели Мицкоски.

На седницата се обрати и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање.

Претходно, во Клубот на пратениците во Скопје, вицепремиерот Меџити се обрати на Панел дискусија посветена на годишнината од Рамковниот договор во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а тој ќе биде домаќин вечер и на свечениот прием што по истиот повод ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје.

Одделна прослава, пак, организираа од Европскиот фронт, предводен од ДУИ. Тие 23- годишнинита од Охридскиот рамковен договор, ќе ја одбележат со настан насловен „Академија за легитимитет“ што ќе се одржи напладне во хотелот Александар Палас во Скопје. вг/ац/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан