• четврток, 26 февруари 2026

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци

Скопје, 26 февруари 2026

„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, на уште неколку на следна владина седница ќе им бидат одземени лиценците, бидејќи не постапувале согласно закон, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во дневникот на Сител телевизија за темата на пронајдените количества на нелегална марихуана во Македонија.

„Се сеќавам дел од поранешната Влада одеше и чекор понапред, па сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија. Таа развојна канабис стратегија на претходната Влада ќе има последици и во наредните десет години. Јас сакам да упатам јасна порака до граѓаните, и за првиот случај со Груби и за вториов, да бидат спокојни. Работата е под контрола. Исто како што улиците се исчистија од криминал, така доаѓа времето кога ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци кои оставиле голема трага во минатото, но за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики“, заклучи Мицкоски.

Генерален секретаријат на Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан