• понеделник, 20 мај 2024

Мицкоски приреди ифтарска вечера за членовите и пријателите од исламска вероисповед

Мицкоски приреди ифтарска вечера за членовите и пријателите од исламска вероисповед
Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски синоќа организираше ифтарска вечера за членовите на партијата и за пријателите од исламска вероисповед.
 
- Во време кога припадниците од исламската вероисповед го слават месецот Рамазан, ми беше особена чест да организираме Ифтарска вечер за нашите членови ипријатели од исламска вероисповед. Моја беше честа да разговараме за актуелните предизвици, тешкото време и иднината за која мораме заедно да се бориме. Македонија и проблемите во земјата се на сите луѓе, и нашата одговорност за создавањето на иднината е подеднаква и заедничка, напиша Мицкоски на својот фејсбук прифил. 
 
Претседателот на ВМРО-ДПНЕ посака големите празници да донесат мир и спокој, обединување и радост.
 
Мицкоски објави и фотографии од ифтарската вечера, на која присуствувале и потпретседателите на партијата Владо Мисајловски и Александар Николоски, пратениците Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска...мд/са/
 
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски 

Остани поврзан