Мицкоски по средбата со Вархеј: Бараме што побрзо отпочнување на преговорите за влез во ЕУ
- Разговаравме за европската перспектива на нашата Македонија и укажавме на императивот за што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија, бидејќи 22 години е предолг период да сме се ушт
Скопје, 8 јуни 2022
Добар ден на сите, најпрвин да се заблагодарам еве за интересот. Што туку завршивме со средбата со еврокомесарот Оливер Вархеј. Разговаравме за европската перспектива на нашата Македонија и укажавме на императивот за што поскоро отпочнување на преговорите на Македонија, бидејќи 22 години е предолг период да сме се уште во ходникот, а многу држави за жал од Централна и Источна Европа кои што во тоа време воопшто немаа никаква европска перспектива нѐ поминаа во ходникот седнаа на масата преговараа, разговараа и станаа полноправни членки на ЕУ.
Навистина тоа се многу изгубени генерации, надежта кај тие генерации на млади луѓе е навистина уништена и голем дел од тие луѓе за жал трајно ја напуштија нашата Македонија. А, меѓу нив се и голем број на мои студенти кои што веднаш после дипломирањето поради немањето барем според нив перспектива во нивната држава тие одлучуваат да ја напуштат.
Македонија направи многу работи во минатото за Европа, за европските вредности, ги потврди тие европски вредности и покрај тоа што ние внатре имаме многу проблеми, имаме висока корупција, има голем степен на криминал, слаба економија, можеби и најслаба во овие пет години од сите други балкански држави и уште многу други проблеми во образованието, во здравството итн.
Но, тоа според луѓето во Брисел не е критериум за отпочнување на преговорите и ако го гледате извештајот на ЕК, ќе видите дека ние веќе 14-тина години добиваме позитивна препорака за отпочнување на преговори. Во меѓувреме се потпиша оној Преспански договор срамен, во меѓувреме се бара од нас да се откажеме од нашиот идентитет, од тоа да сме Македонци коишто го имаат својот мајчин македонски јазик, од нашето културно наследство. Да се откажеме од нашите дедовци, од нашите прадедовци, да се откажеме од нашата историја, да се откажеме од нашите корења. Тоа не се европски вредности. Ние сакаме да зборуваме за иднина, ние сакаме да зборуваме за перспектива, ние сакаме да зборуваме за отворени граници, за млади кои што ќе имаат сериозна мрежа на познанства , за нови инвестиции, за силна економија, за борба против криминалот и корупцијата безмилосна. Тоа е она кое што е наша цел и тоа е она за кое што ВМРО-ДПМНЕ денеска се бори.
Така што ова е последен момент сега на Самитот во јуни на 22 – 23 – 24, за две недели од денеска да покажат европски вредности европските лидери , да го убедат според она кое што денеска го добивам како информација можеби и поранешниот но се уште актуелен премиер на Бугарија да направи чекор назад и да дозволи Македонија конечно да ги почне преговорите. Тоа го заслужуваат овие Македонци во државата, тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, и само така можеме да зборуваме за вредности и само така може да зборуваме за перспектива. Во спротивно јас навистина жалам но дополнително ќе биде нарушен кредибилитетот на ЕУ и тоа ќе доведе до дополнително би рекол разочарување кај граѓаните во нашата Македонија.