• вторник, 05 ноември 2024

Мицкоски: Овој ден има огромно духовно и културно значење за српскиот народ

Мицкоски: Овој ден има огромно духовно и културно значење за српскиот народ

Скопје, 27 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до српската заедница во земјава по повод празникот Свети Сава. 

-Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија им го честитам празникот Свети Сава. Значењето на овој ден посветен на првиот српски архиепископ и просветител, за српската етничка заедница има огромно духовно и културно значење, и неговото чествување во Македонија е доказ за взаемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без оглед на нивните разлики. Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата  заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата, се наведува во честитката од Мицкоски. 

Во исто време и тие, додава тој, како и сите останати граѓани ја споделуваат истата мака од секојдневието, лошиот стандард и живеачка.

-Во Македонија никогаш не се живеело толку лошо и толку сиромашно. Затоа се потребни промени и голема надеж. Промените доаѓаат и тие зависат од секој еден човек, посочува Мицкоски.

Посакува честит празник со желби за многу за здравје и среќа, но пред се желба за успеси и подобра иднина, која, како што се наведува, мораме заедно да ја градиме и за која мораме заедно да се бориме. ев/

ФОТО: МИА

 

 

 

 

 

 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан