Мицкоски: Не знам кој е тој, кој што ќе даде гаранции дека нема да има блокади со билатерални договори во Преговарачката рамка
- Нема што повеќе од ова да правиме. Ние како Влада повеќе од ова не можеме да направиме, ниту ќе направиме. Тоа е тоа. Тоа е нашата црвена линија. Ако некој таму во Брисел одлучил да биде заложник на политичари од средниот век, коишто доаѓаат од некои од земјите членки на самата ЕУ, ако некој одлучил да биде заложник на билатерализацијата, во ред, го разбираме, тоа е тоа. Нека не остават да си ја решиме домашната задача, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за последните пораки кои доаѓаат од Брисел за преговарачката рамка. Тој забележа дека „не знае кој е тој, којшто ќе даде гаранции дека ќе нема блокади со билатерални договори во преговарачка рамка“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.