• вторник, 10 март 2026

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе

Скопје, 7 март 2026 (МИА) - Нашата визија е јасна - образованието мора да биде темел на развојот на државата. Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што истакна Мицкоски, кампусот ќе се гради на површина од 31 000 метри квадратни и ќе претставува современ академски комплекс со модерни амфитеатри, студентски простор, базен, спортски сали - инфраструктура согласно потребите на современото високо образование. Инвестицијата е вкупно 42 милиона евра, од кои 40 милиони се за изградба, а два милиона за надзор на градбата.

-Оваа инвестиција е дел од една поширока слика, сликата на образованието што го градиме. Денес поставуваме темел на нешто што е многу повеќе од градежен проект - темел на иднината. Со почнувањето на изградбата на новиот модерен кампус, ја потврдуваме нашата црвста опредлеба да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект е стратешка инвестиција во иднината на државата што ќе создаде современи услови за образвание, научна работа и академски развој, подвлече Мицкоски.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Владата продолжува да ги подобрува инфраструктурните услови за наставниците и студентите.

-Ова е исклулително важен момент, се поставува камен-темелник на најмладиот Универзитет. Ги подобруваме инфраструктурните услови за наставниците и за студентите - да бидат мотивирани, посебно професорите - да обезбедат одлично образование, да им пренесат на студентите знаење и вештини. Верувам дека изградбата ќе оди според плановите и дека за пет години ќе имаме прекрасно здание - храм на науката, образованието, уметноста и на создавање човечки капитал. Очекувам тие што тука ќе работат и ќе учат, да и вратат на државата со стекенување сериозни знаења и вештини, да ја направат земјата поконкурентна, истакна Јаневска.  мч/са/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан