Мицкоски на средба со претставникот на КАС Даниел Браун и пратеничката во ЕП Марион Власман
- Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент и пот

Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, и Даниел Браун, официјален претставник на КАС во државата.
Како што информира прес-службата на партијата, на средбата се дискутирало за потребата од отпочнување на преговорите на земјава со ЕУ.