• среда, 17 јули 2024

Мицкоски на средба со Браун: Потенцирана одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата Конрад Аденауер

Мицкоски на средба со Браун: Потенцирана одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и фондацијата Конрад Аденауер

30 октомври 2023 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денес (30.10.2023) оствари средба официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во Македонија, Даниел Браун.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Мицкоски потенцираше дека во Македонија власта е извор на високата корупција и  криминал, практично да нема ден во кој не излегува афера поврзана со лица од власта.

Воедно, Мицкоски укажа на катастрофалната економска состојба во државата, огромната сиромаштија која постојано расте, актуелната власт не е способна да се справи со кризата, напротив нејзините политики ја продлабочуваат кризата, а за истото сведочи и последниот извештај на Светската банка за земјава.

На средбата беше истакната одличната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и КАС, при што посочен беше големиот придонес кој Фондацијата го дава преку бројните обуки и помош за партијата како и тоа дека соработката продолжува и понатаму, воедно беше нагласена и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан