• недела, 22 декември 2024

Мицкоски на средба со Браун: Власта не го слуша гласот на народот

Мицкоски на средба со Браун: Власта не го слуша гласот на народот

Скопје, 19 мај 2021

Денеска остварив средба со Даниел Браун - официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер имаат долга и плодна соработка, која резултира со поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја добива преку обуки, школи, и други заеднички проекти.

Господинот Браун го запознав со актуелната политичка ситуација во Македонија, пред се лошите политики на власта кои значат 60.000 отпуштени, скоро 6.000 починати и 6.200 затворени фирми, а тоа е така затоа што власта наместо да работи за државата и народот, брка провизии за вакцини и врши сомнителни набавки, и криминал кој останува неказнет. Буквално кажано криминалот го јаде општеството.

Констатиравме дека владата владее со сила и не го слуша гласот на народот, каков што е и последниот пример со насилното укинување на учебниците.

Разговарано беше и за притисокот од Бугарија и нефер односот кон Македонија.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан