Мицкоски: На сите оние кои денеска го прославуваат Рождеството Христово - Божиќ, им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје
- -Нашата традиција како земја и општество не научила низ вековите дека заедно сме посилни и заедно можеме да ги надминеме сите препреки и искушенија пред кои сме биле исправени. Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, посакувам голем напредок, перспектива и стабилност на нашата татковина. Нека празничните мигови ни бидат потсетник дека треба да се обединиме, бидејќи заедно можеме да градиме посилна, заедничка и поуспешна Македонија – земја во која секој граѓанин се чувствува ценет, заштитен и исполнет со надеж за поубава иднина, наведува премиерот во честитката.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до верниците кои го слават Божиќ според грегоријанскиот календар, со желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје.
-Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и поддршка. Да подадеме рака кон нашите ближни и нашите сограѓани, без оглед на разликите, на оние на кои им е потребна нашата помош, на најранливите категории и на сите оние на кои се соочуваат со предизвици, наведува премиерот во честитката.
Божиќ, пишува премиерот во честитката, е празникот на дарувањето и споделувањето на меѓусебна љубов и разбирање.
-Нашата традиција како земја и општество не научила низ вековите дека заедно сме посилни и заедно можеме да ги надминеме сите препреки и искушенија пред кои сме биле исправени. Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, посакувам голем напредок, перспектива и стабилност на нашата татковина. Нека празничните мигови ни бидат потсетник дека треба да се обединиме, бидејќи заедно можеме да градиме посилна, заедничка и поуспешна Македонија – земја во која секој граѓанин се чувствува ценет, заштитен и исполнет со надеж за поубава иднина, наведува премиерот во честитката.
Мицкоски натаму наведува дека наша должност како генерација е да се бориме и со Божја промисла, да се избориме за подобар живот и подобра Македонија за сите нас како народ и за нашите идни поколенија кои доаѓаат.
-Да работиме посветено за да изградиме стабилна, економски силна и праведна држава, која ќе даде можност на сите за работа и среќен живот, тука во родната земја. Нека Божиќната светлина ги осветли нашите заеднички цели кон подобро утре! Среќен и благословен Божиќ! Христос се роди!, вели премиерот во честитката по повод Католичкиот Божиќ. нд/вј/
Фото: МИА архива