• недела, 22 декември 2024

Мицкоски на партиска трибина со членството на ВМРО-ДПМНЕ и симпатизерите од Охрид

Мицкоски на партиска трибина со членството на ВМРО-ДПМНЕ и симпатизерите од Охрид
Охрид, 25 јули 2021 (МИА) – Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа трибина со членството и симпатизерите од Охрид на која пред беа презентирани некои од политиките на партиската програма „Македонија за сите луѓе“, како и партискиот кандидат за градоначалничката функција на престојните локални избори, Кирил Пецаков. Партискиот лидер Кристијан Мицкоски истакна дека пред граѓаните ќе бидат презентирани проектот „Мојот данок за мојот проект во мојата општина“ што предвидува самите граѓани да одлучуваат за што ќе бидат трошени средствата собрани од даночните обврзници, како и проектот „Етапното институционално децентрализирање“, што предвидува после преземањето на власта во Охрид да бидат преместени сите институции од областа на културата задолжени за грижата на културно-историските вредности, па и самото Министерство за култура. - Така ќе постапуваме и со многу други институции низ целата држава, со мигрирање на институциите односно институционална децентрализација, рече тој. Што се однесува на актуелната политичка ситуација во државата, Мицкоски се осврна и на Извештајот на Стејт Департментот за кој рече дека „го потврдил само она што ние цело време укажувале, дека земјата ја има најкорумпираната и најкриминалната влада што некогаш постоела во Европа“. - Четири години буквално зборуваме дека имаме работа со држава во која мафијата има своја држава, овде мафијата има политичка партија тоа е СДСМ. Сето она што го укажуваме, дека во Македонија главен проблем е корупцијата и криминалот добива и меѓународно признание. Очекувам сојузници во борбата, а со овие проекти што ги презентираме во „Македонија за сите луѓе“ ќе покажеме како се работи со љубов за својата тактковина Македонија, истакна Мицкоски. аб/сст/

Остани поврзан