Мицкоски - Казуја: Потребна е подобрена економска соработка за повеќе инвестиции на јапонските компании во Македонија
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Викторија Трајков, соработник за меѓународни прашања оствариле средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Оцука Казуја.

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Викторија Трајков, соработник за меѓународни прашања оствариле средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Оцука Казуја.
Мицкоски на средбата ги поздравил квалитетните билатерални односи помеѓу РС Македонија и Јапонија и истакнал дека ваквата соработка треба да се преточи и во подобрена економска соработка која ќе донесе зголемен број инвестиции на јапонските компании во нашата држава, особено во областите на дигитализацијата и високите технологии.
- Во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ како стратешка цел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека истото не смее да биде на сметка на македонските национални интереси. Мицкоски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни промени нема да се случат во вакви околности и под бугарски диктат, соопштија од ВМРО - ДПМНЕ. цр/лв/
Фото: ВМРО - ДПМНЕ