• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ утре на координација за собраниската седница за владината реконструкција

Мицкоски и ПГ на ВМРО-ДПМНЕ утре на координација за собраниската седница за владината реконструкција

Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре во 10 часот ќе има координација на која ќе присиствува и лидерот на партијата Христијан Мицкоски на која ќе одлучат како ќе настапат на собраниската седница на која треба да се расправа за предлогот за нови министри и заменици-министри. 

Мицкоски во изјава за Канал 5 телевизија денеска рече дека очекува да има расправа во Собранието по разрешувањето на тројцата досегашни министри. 

- Очекувам да има расправа по разрешувањето на тројцата министри во претходниот состав на Владата. Утре во 10 часот ќе имаме координација со пратеничката група на која ќе присуствувам и јас и таму ќе ги заземеме позициите коишто понатаму ќе треба да ги браниме на собраниската седница, изјави Мицкоски по донаторската емисија што Канал 5 телевизија ја организираше за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

За „Алтернатива“ која по влезот на „Алијанса на Албанците“ останува надвор од Владата, Мицкоски рече дека ваквиот потег на Ковачевски е неморален и неполитички.

- Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. По ноевриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија Владата на ДУИ поддржана од СДСМ. Сега, Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги ифрлат луѓето од Алтерантива кои го продолжија овој криминално политички морал на Владата на ДУИ поддржан од СДСМ, рече Мицковски. бак/лв/

Остани поврзан