• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Државата да го прифати предлог-законот за формирање здруженија и фондации

Мицкоски: Државата да го прифати предлог-законот за формирање здруженија и фондации

Прилеп, 11 октомври 2022 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од Владата за нивниот предложен закон за формирање здруженија и фондации.

- Очекуваме поддршка, бидејќи три месеци ја лажат македонската јавност дека тие ќе предложат закон. Но не го прават тоа, а видовме дека клубови на соседни држави кои носат имиња на докажани фашисти се отвораат низ Македонија. Предложивме закон и очекуваме поддршка од Владата или, барем, да кажат што треба да се дополни во тој закон што не им одговара за да го прифатат. Еве, ја користам оваа прилика да упатам апел до Пендаровски и до Владата да се поддржи законот и да се стави крај на овие провокации, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешниот увид на изградба на водоводна канализација кај местото Пашовски ливади во Прилеп.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на своите предлози за решавање на кризата со струјата и смета дека вишоците на струја да им се понудат на компаниите, а не да се крадат. Мицкоски смета дека наместо компаниите да плаќаат цена за струјата од 300 до 400 евра за мегават час, да му плати на ЕСМ толку колку што навистина го чини, а според неговите пресметки, тоа би било некаде помеѓу 80 и 90 евра за мегават час. Тој изјави дека оваа ситуација, недела треба да биде работен ден за да се искористат ноќните вишоци.

- И не само ноќните вишоци, туку и оние вишоци кои се случуваат за време на викендот посебно во недела. Но за тоа да се случи потребно е компаниите да работат во недела. А за да работат во недела треба да се интервенира во Законот за работни односи и Законот за трговија па да им се дозволи на компаниите со работниците да изберат тие самите кој ден ќе биде неработен, а недела да можат да го работат, рече Мицкоски.ем/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан