• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Во проектот „Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти и четири милијарди инвестиции

Мицкоски: Во проектот „Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти и четири милијарди инвестиции
Скопје, 3 јули 2020 (МИА) - Во проектот „Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти. Ќе најдете до 25 проценти зголемена просечна плата во еден мандат, најмалку до 20 проценти повисоки пензии, најмалку 1.000 нови и реконструирани патишта, четири милијарди евра странски и домашни инвестиции, порача вечерва од општина Карпош претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Нагласи, дека тоа што ги прави поразлични од своите политички противници, е љубовта кон својата држава. - Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овој пат да си ја врати државата, која му беше киднапирана. За тоа да се случи потребно е на 15 јули масовно да излеземе и да го заокружиме редниот број 14, за победничката листа на коалицијата за „Обнова на Македонија“, изјави Мицкоски. Македонскиот народ, нагласи Мицкоски, секогаш се исправувал и победувал и против потешки протовници и пред поголеми предизвици и затоа изрази убедување дека на 15 јули ќе ја покаже таа победничка енергија. Дефицитот во буџетот е 420 милиони евра, рече Мицкоски, пари потрошени за поткуп на овие избори. - Но, јас сум непоправлив оптимист и уверен сум дека народот ќе го препознае тоа и ќе му го заврти грбот на Зоран Заев, изјави Мицкоски. Се обврзувам, рече тој, дека во првите шест месеци ќе докажеме секој што се огрешил пред народот. - Ние нема да почнеме со ветинг од судството. Ќе почнеме со ветинг на политичарите. Да видиме кој политичар како се богател и неколкупати го зголемувале сопствениот капитал. Секој да се провери. Јас лично прв се пријавувам да бидам подложен на ветинг, ама потоа ќе продолжиме со сите, изјави Мицкоски. Носителката од ВМРО-ДПМНЕ на листата во ИЕ 1 Гордана Силјановска Давкова, порача дека по 15 јули треба ставиме крај на уникатниот политички систем, на уникатниот јазичен модел, на уникатната демократија и политичка култура и да си го откриеме, исправиме и возобновиме европското во нас. - Македонија мора да стане стабилна држава со стабилни институции, наместо со пресилни поедници. Парламентот мора да стане демократска школа и да ја контролира владата, нагласи Силјановска Давкова. Модерна Европа, посочи Силјановска Давкова е сојуз на држави нации, и затоа само со граѓански брод можеме мирно да пловиме низ европскиот простор. аа/нд/ https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/273857380723571/  

Остани поврзан