• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицевски: Аудито од 130 илјади евра е на Филипче, тој што му го купил и го потврди, ЈО да отвори постапка

Мицевски: Аудито од 130 илјади евра е на Филипче, тој што му го купил и го потврди, ЈО да отвори постапка

Скопје, 16 јуни 2025

Аудито од 130 илјади евра е на Филипче, тој што му го купил го потврди истото, ЈО мора да отвори постапка.

Енис Колашинац, газдата на фирмата Зобек мининг груп, кој го земала на лизинг луксузното ауди Q8 кажа дека истото го земале за Венко Филипче и дека истото сега се наоѓа во владение на претседателот на СДС.

Колашинац не е било кој бизнисмен, тој е бизнисменот кој го снабдуваше ЕСМ со јаглен во време на СДС и бизнисменот кој заедно со Филипче и браќата Заеви се журкаа на Харис Џиновиќ во Дубаи.

ЈО мора да отвори постапка против Венко Филипче. За ист ваков случај веќе има отворено постапка против Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР од СДС.

Зошто Филипче е привилегиран? ЈО мора да почне да работи.

Линк од видео материјал:

https://youtu.be/VLu4sQ5SqlA

Прес-конференција на Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан