• четврток, 19 декември 2024

Михаиолоски: За сите млади вратите се отворени во СДСМ, заедно ја креираме стратегијата за ,,Најдоброто за нашата општина"

Михаиолоски: За сите млади вратите се отворени во СДСМ, заедно ја креираме стратегијата за ,,Најдоброто за нашата општина
Скопје, 28 јуни 2021
Вечерва, претседателот на СДММ, Марко Михаилоски беше меѓу граѓаните на Ѓорче Петров, каде продолжи работното лето на СДСМ со кое се слуша гласот на граѓаните и заеднички транспарентно се креира новата програмска и кадровска понуда за претстојните локални избори, на кои СДСМ е убедлив фаворит.
Младинските политики на СДСМ овозможија младите за прв пат да имаат официјално лице во општините кон кое може да се обратат за секое прашање од нивен интерес, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на маалската средба со граѓаните на Ѓорче Петров, тоа е новитетот на СДСМ, тоа е модерна партија која цело време се менува, модернизира и ги вклучува младите и затоа победува, додаде Михаилоски.
Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше над милион и 500 илјади евра во патната инфраструктура на општина Ѓорче Петров.  Во оваа општина ќе се гради новиот Клинички центар  што е важен за целата држава а постојано се блокира од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се градат и реконструираат училишта и градинки како никогаш досега, инвестираме насекаде рамномерно, заклучи Михаилоски.
СДСМ продолжува со работното лето, ќе остане меѓу граѓаните каде припаѓа и заедно ќе ги креираме сите политики за подобар живот за сите граѓани.
Центар за комуникации на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан