• петок, 05 декември 2025

Митревски: Најважно е да избориме квалификации

Митревски: Најважно е да избориме квалификации

Скопје, 15.јули 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Македонија вчера ги стартуваше подготовките за претстојните претквалификации за Светскиот куп. На вчерашниот собир и првиот тренинг на селекторот Марјан Илиевски имаше пред се млади кошаркари.

- Имаме доста млади играчи во овој состав и затоа треба да се подготвиме што е можно најдобро. Имаме петнаесетина дена, можеби и нешто повеќе, до натпреварите од претквалификацискиот циклус. Затоа е важно добро да се подготвиме за тие натпревари. Натпреварите во Гевгелија со репрезентацијата на Швајцарија ќе бидат добредојдени. Најважно е да дадеме максимум и да се квалификуваме за оние наредни квалификации, изјави Андреј Митревски еден од плејадата млади играи.

Македонија за ривали во преткалификациите ги има Романија и Унгарија.    мн

Фото: Кошаркарска федерацијана Македонија

Остани поврзан