• четврток, 25 декември 2025

Митовски присуствуваше на предновогодишно дружење со пензионерите од Крива Паланка 

Митовски присуствуваше на предновогодишно дружење со пензионерите од Крива Паланка 

Крива Паланка, 22 декември 2025 (МИА) - На покана на Здружението на пензионери и Здружението на трудови инвалиди од Крива Паланка, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска присуствуваше на претпразнична дружба со највозрасните жители на општината.

Настанот се реализираше во свечена празнична атмосфера и беше можност за заедничко дружење и одбележување на новогодишните празници.

Митовски им се заблагодари за поканата и за континуираната соработка и своето обраќање пред присутните, упатувајќи искрени честитки и желби за добро здравје.

-Ви посакувам добро здравје, мир и благосостојба во секој дом. Вашиот придонес за општеството е значаен и заслужува почит. Општина Крива Паланка останува посветена на унапредување на квалитетот на животот на повозрасните граѓани, со посебен сензибилитет за нивните потреби, преку поддршка на активностите на пензионерските здруженија и спроведување политики насочени кон социјална сигурност и активно стареење, истакна Митовски.

Тој им посака празничните денови да ги поминат во кругот на најблиските, исполнети со љубов, радост, внимание и почит, како и многу здравје, среќа и успешна 2026 година.

Градоначалникот додаде дека и во наредниот период заеднички ќе продолжат да работат за поубава и просперитетна Крива Паланка. ид/дма/

 

Фото: Општина Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан