• недела, 19 мај 2024

Митева: Потврда за криминалот и од ОЛАФ, институциите на власта ги злоупотребувале европските фондови

Митева: Потврда за криминалот и од ОЛАФ, институциите на власта ги злоупотребувале европските фондови

Скопје, 29 јули 2023

Македонија е прва по злоупотреба на европските фондови во Западен Балкан.

Антиевропското однесување на Владата уште еднаш се потврдува. Олаф Агенцијата за борба против злоупотреба на европските фондови утврди дека од 36 злоупотреби на овие фондови, 18 се само во Македонија.

Имено, ОЛАФ истражува измами против буџетот на Европската Унија, корупција и развива политика против измама за Европската комисија.

Исто така, уште еден показател за криминалните дејанија на власта е фактот што истрагите се однесуваат за период од 2017-2022 година, точно за времето на владеење на власта на ДУИ подржана од СДС. Воедно, дадени се и препораки земјата корисничка да ги врати злоупотребените средства. Тоа значи дека Македонија во иднина ќе треба да ги врати овие средства кои може да достигнат и до десетици милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, тоа се пари кои повторно ќе се одлеат од буџетот на Македонија.

Дополнително, за овие евидентираните злоупотреби на соодветните власти во земјата, предметите се предаваат за да се отворат истраги за сторен криминал.

Почитувани, ова е уште една потврда за степенот на криминалот на власта. Тие покрај злоупотребата на буџетот на Македонија, покрај сомнителните тендери во 4 очи одат и скалило погоре. Дрскоста и алчноста им оди дотаму што додека се прогласуваат за европски фронт, посегнуваат и по злоупотреба на европските фондови кои претставуваат исклучителна помош за реализација, развој и напредок на Македонија.

Овие состојби претставуваат рушење на реномето на сопствената држава и може да претставува сериозна закана за понатамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како идна влада сериозно ќе ги испита сите сомнежи, а потоа ќе следи и одговорност.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан