• понеделник, 23 декември 2024

Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на МОТ и претставници од Министерството за труд и социјална политика

Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на МОТ и претставници од Министерството за труд и социјална политика

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници од Министерството денеска се сретнаа со тим експерти на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и експерт за слобода на здружување кои се во неколку дневна посета на земјава со цел реализација на Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на МОТ и претставници од МТСП.

Како што информираат од МТСП, во рамки на мисијата, тимот од Меѓународната организација на трудот и експерт за слобода на здружување во текот на неколкудневната посета, ќе остварат серија на состаноци покрај со Министерството за труд и социјална политика и други институции и организации кои се вклучени во областа на трудот.

Целта на состаноците е согледување на примената на Конвенцијата за правото на организирање и колективно договарање, 1949 г. (бр. 98) од страна на Република Северна Македонија во закон и пракса, идентификување на предизвиците и поддршка во примената на препораките на Комитетот за примена на стандардите.

На средбата, министерката Тренчевска ги истакнала заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика за важноста на социјалниот дијалог во општеството, вклученоста на сите засегнати чинители во носењето на одлуки, слободата на колективното организирање и  договарање, почитувањето на правата на работниците и работодавачите и нивно унапредување. дма/лв/

Фото: МТСП

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан