• четврток, 19 декември 2024

Мисајловски: Имаме 1.000 проекти за експресни патишта и поголеми пензии и плати

Мисајловски: Имаме 1.000 проекти за експресни патишта и поголеми пензии и плати
Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) - Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва пред кумановчани вети дека ќе разговара за сите проблеми што ги тиштат, за урбаниот хаос што се случува, за скараната централна и локална власт, како што рече, „кој поголем шериф да биде во градот“. - За нас се неважни. Имаме разлика, го имаме Христијан Мицкоски и го имаме Зоран Заев. Кого да одбереме, човек кога дојде пред 30 месеци на првото место во партијата се трудеше од кал максимално да ја крене партијата на нозе. Свртете се и видете. Во секој град преполно народ, позитивна енергија и за две недели победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицитјата за обнова на Македонија, порача Мисајловски. Тој истакна дека сите кумановчани сакаат да останат тука и да имаат подобар живот. - Со децении власта во Куманово е на СДСМ, јас ве прашувам јавно каде ги видовте последниве три години тие 230 километри автопатишта што ги изградија. Дали ги има тука во Куманово. Дали го има клиничкиот центар што го ветија гледам спотови прават за него. Нема ништо лаги и манипулации. Сакам да ја говорам вистината, а вистината е дека овие три години се посветија на само едно прашање, само како да се смени името. Како да се создаде немир и омраза меѓу граѓаните, а сите останати во власта поготово и техничкиот премиер гледаа само како да се збогатат, ништо повеќе. Куманово заслужува повеќе Куманово има чесни луѓе доби луѓе и така мора да биде така и да остане, истакна Мисајловски од Куманово. Мисајловски предупреди дека по 15 јули може да биде доцна и дека жителите на Куманово треба да и кажат доста на оваа власт. - И на претходните избори велевме дека Зоран Заев е нечесен и она што го кажува е измама. Сега тој вели многу убави работи да ги чуете, но ќе бидете измамени. Немојте по втор пат да ве измамат. Вие во Куманово треба први да кажете дека е доста, порача Мисајловски. Тој говореше дека Куманово е град, кој треба да биде еден од најубавите урбани центри. - Јас ве уверувам дека Христијан Мицкоски и овој тим ќе донесат многу за Куманово. Ќе донесе Обнова. Јас лично ви ветувам дека ќе бидам тука независно од функциите тие се менливи најважно да останеме луѓе. Во новата влада ќе има многу луѓе од Куманово што ќе ја водат власта. Христијан Мицкоски е лојален на Македонија. Од другата страна го имате техничкиот премиер и Зоран Заев кој ништо немаат направено за Куманово. Но одликата е ваша, истакна Мисајловски. - На овој 15 јули да гласаме за Македонија бидејќи друга резервна земја ние немаме, порача тој. Мислајловски рече дека додека некои смислуваат црни сценарија, рекет и корупција, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата размислуваваат како да направaт 1.000 проекти, како да има индустриска зона во Куманово, како да продолжат експресните патишта, како да има поголеми пензии, како да има поголеми плати. ир/сп/

Остани поврзан