• недела, 22 декември 2024

Мисајловски: Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) - Потпретседателот и носител на изборна единица 2 Владо Мисајловски денеска оствари средба со жителите на скопската населба Керамидница, општина Гази Баба при што пред присутните истакна дека Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ и дека заедно со граѓаните на 15 јули ќе им порачат на СДСМ дека е доста од нивното владеење. Гази Баба е бастионот на ВМРО-ДПМНЕ. Знаете што се случуваше овие 3 години посебно со една тема како да го сменат името, како да не понижат, како да се полнат торби со пари, со оние познати торби Луј Витон, корупција насекаде, а да се фалат дека многу работат и дека се во оваа држава се како што треба. Но, не е така и навистина треба заедно да им порачаме дека е доста и да ги казниме, вели Мисајаловски. Мисајловски додаде дека СДСМ не ги реализирала проектите кои што ги ветила пред граѓаните, како и дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ Обнова за Македонија има 1000 проекти кои што ќе се реализираат во наредниот четиригодишен мандат. Кога ќе ги прашате СДСМ каде се оние 230 километри автопати што ги ветуваат не знаат да кажат кои се, не знаат да кажат дали платата е покачена за 500 евра како што ветуваа, не знаат дали има 100.000 денари за докторите. Но, затоа ние имаме 1000проекти, ќе се зголемат пензиите, ќе е зголемат платите за 25 проценти, вели тој. Во однос на националните понижувања од страна ан владата на СДСМ, Мисајловски посочи дека Гоце Делчев е Македонец, македонскиот јазик е македонски и за нив нема преговарање. Гоце Делчев е Македонец и точка, нема што да преговараме, тоа е завршено, македонскиот јазик е македонски и нема преговарање, нема што тука да разговараме, рече Мисајловски. оџ/ац/

Остани поврзан