• четврток, 21 ноември 2024

Мисајловски: Одговорност мора да има за трагедијата во Тетово

Мисајловски: Одговорност мора да има за трагедијата во Тетово
Скопје, 24 септември 2021 Ние имаме најголема смртност во целиот регион, по глава на жител односно на 100.000 популација мислам дека сме први во Европа. Тоа е страшна бројка, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување на Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител. Потпретседателот Мисајловски потенцираше дека не треба политичарите да зборуваат за мерките за ковид пандемијата, туку дека најдобрите и најквалитетните  луѓе да седнат и да помогнат за да се подобри состојбата во државата. Јас како политичар не треба да го говорам ова, туку треба најквалитетните луѓе да седнат и да бидат прифатени од министерството за здравство и да помогнат. Не треба политичарите да кажуваат што и како треба да се прави во оваа пандемија, туку нека дојдат најдобрите луѓе, независно од која партија се или да не се од партија, бујрум нека помогнат. Така се гради држава, за вакви прашања треба да ги прашате тие што се квалитетни и тие што најмногу знаат. Јас мислам дека само така ќе имаме подобри мерки и се разбира граѓаните ќе имаат релаксирана ситуација во целото општество, смета Мисајловски. Мисајловски потенцираше дека власта секогаш кога е фатена во тесно, го обвинува народот дека е виновен, односно како што рече тој тоа е нешто најнеодговорно што може да го направи една власт. Постојано како власт да префрлате дека народот е неодговорен, тогаш тоа е најнеодговорно нешто што може да го направи некоја власт. Значи не може народот да ви биде крив за се, но гледаме често пати кога власта е фатена во тесно, најчесто е крив или народот, или некој друг, само власта никогаш не е крива, истакна тој. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, вечерва во Сител Телевизија, во врска со трагедијата во Тетово, истакна дека власта форсира целата трагедија да ја стави „под тепих“, затоа што не и одговара да се дискутира за истото, па ќе влијае врз истрагата како што поминува времето, тој порача дека одговорност мора да има за 14-те загинати лица. - Собранието може да заседава ако за тоа има потреба, но да бидам искрен реалноста е дека власта не сака да заседава и не сака да има седница, не сака ниту да има Анкетна комисија, додека ние мислиме како дописот да стигне за да оваа Анкетна комисија се формира и да заседава, целта на власта е друга, Талат Џафери не сака воопшто оваа тема да стигне на дневен ред во Собранието, појасни Мисајловски. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова прашање да го наметне и во комисиите да се разговара за големата трагедија којашто се случи во Тетово, затоа што целта е да се увиди што всушност се случи. -Тоа е нашата цел, да видиме кој е одговорен и да има одговорност, но тоа да не биде вештачка одговорност  со поднесување на оставки кои нема да се прифатат, бидејќи народот тоа го гледа, затоа инсистираме да се случи, мислам дека седницата нема да се случи затоа што и половина пратеници се кандидати за градоначалници, па власта не може да состави ни кворум, но прашањето е навистина важно и ние треба да го постапуваме постојано за да има истрага и да најде одговорноста, објасни Мисајловски. Тој порача дека ако власта остане комотна таа ќе влијае на истрагата, а не е мала работа 14 животи да згаснат, за тоа треба одговорност од оние кои се најодговорни за тоа. - Ова прашање не смее да стане политиканство, туку ние бараме да има истрага, а и целиот народ го бара истото, да се увиди што навистина се случи бидејќи има и други модуларни болници, а стравот кај граѓаните е голем во овие тешки времиња на корона пандемија, појасни Мисајловски. Мисајловски истакна дека до ноември месец би можело да биде задоцнето ова прашање, затоа што власта би влијаела на истрагата, а до сега не слушна јавноста за никакви придвижувања на истрагата. -Мислам дека власта ќе форсира да го стави ова прашање „под тепих“, народски кажано, затоа што не им одговара па секојдневно во јавноста отвораат нови теми, како прашањето со Бугарија, фашисти итн, се со цел оваа трагедија да се покрие „под тепих“, но народот тоа го гледа и веќе се коментира, а одговорност мора да има, критикуваше Мисајловски. Тој посочи дека во однос на истрагата не очекува ништо од власта и целиот државен апарат кој е поврзан со судските процеси и поврзаноста и корумпираноста на правосудниот систем, а до сега не знаеме ништо конкретно за истрагата, ниту што одговориле експертите, а доста работи се слушаат, па дури и префрлање на вината на секого само да не биде на власта. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан