Мирна новогодишна ноќ во Струга, една сообраќајна незгода
- Мирна новогодишна ноќ во Струга и струшко, без нарушувања на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода во населбата Теферич со повредено лице.

Струга, 1 јануари 2025 (МИА) - Мирна новогодишна ноќ во Струга и струшко, без нарушувања на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода во населбата Теферич со повредено лице.
Сообраќајната незгода, како што информира за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила во 3 часот и 40 минути, на локалниот пат во струшката населба Теферич.
- Патничко возило „ауди“ излетало од патот, при што возачот Р.О. (27) се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Н.М. со телесни повреди констатирани во Специјалмата болница „Свети Еразмо“ во Охрид, изјави Димоски.
Причините за незгодата биле неприлагодена брзина според условите на патот. сс/бак/
Фото: МИА архива