• петок, 05 декември 2025

Минчев: 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредиме државата со обединети сили

Минчев: 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредиме државата со обединети сили

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредуваме татковината со обединети сили, знаење и заедништво. Само така ќе обезбедиме стабилна и просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат, порачува министерот за за јавна администрација Горан Минчев во честитката упатена по повод 11 Октомври. 

- На овој ден се сеќаваме на храбрите мажи и жени кои, пред повеќе од осум децении, храбро се спротивставија на тиранијата и ги поставија темелите на борбата за слободна и праведна Македонија. Нивната жртва и визија за подобро утре се наша водилка денес, да продолжиме да градиме општество засновано на демократија, еднаквост и солидарност, вели Минчев во честитката. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан