• вторник, 27 јануари 2026

Минчев: Свети Сава е симбол на духовноста, почитувањето и соживотот

Минчев: Свети Сава е симбол на духовноста, почитувањето и соживотот

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод празникот Свети Сава, еден од најзначајните духовни и културни празници на српската заедница.

Во честитката Минчев истакна дека ликот и делото на свети Сава претставуваат трајна инспирација за мудрост, духовност и посветеност кон заедничките вредности.

Тој нагласи дека празникот е потсетник за значењето на традицијата, меѓусебното почитување и соживотот како темели на инклузивно и мултикултурно општество, посакувајќи мир, сплотеност и напредок за сите. дма/вг/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан