• недела, 22 декември 2024

Минск: Распоредувањето на „Орешник“ е одговор на САД и Германија

Минск: Распоредувањето на „Орешник“ е одговор на САД и Германија

Минск, 7 декември 2024 (МИА) - Распоредувањето на системот „Орешник“ на територијата на Белорусија е одговор на намерата на САД и Германија да распоредат ракети со среден дострел во Европа, изјави заменик-началникот на Генералштабот на белоруската војска Сергеј Лагодиук.

„Американците и Германците повеќепати зборуваа за тоа“, напиша Лагодиук на Телеграм.

Заменик-началникот на Генералштабот истакна дека воениот ресор добил задача од врховниот командант според која воено-индустрискиот комплекс на Белорусија, заедно со руски специјалисти, ќе продолжи да работи на вооружувањето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан