• четврток, 04 декември 2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади упати честитка по повод Меѓународниот ден на детето и згрижувачките семејства

Министерството за социјална политика, демографија и млади упати честитка по повод  Меѓународниот ден на детето и згрижувачките семејства

Скопје, 1 јуни 2025 (МИА) – Министерството за социјална политика, демографија и млади го честиташе Меѓународниот ден на детето и згрижувачките семејства, истакнувајќи дека еден од нивните клучни приоритети е унапредување на системот на социјална и детска заштита, со цел секо дете да расте во средина исполнета со љубов, сигурност, поддршка и почит.

Во денешното соопштение наведуваат дека децата имаат природно право да растат во семејна средина, а нивниот најдобар интерес треба секогаш да биде водечка осова за одлуките што се носат во однос на нивната грижа.

– Министерството континуирано инвестира во реформата за заштита на децата, вклучително и  зајакнување на системот за поддршка на децата со попреченост, зајакнување на системот на згрижување, и поддршка на семејствата во ризик. Семејната грижа е најдобрата алтернатива за децата без родители или без родителска грижа. Таа не се однесува само на обезбедување на покрив над главата на детето, туку на пружање на топлина, љубов и емоционална поддршка кои само семејството може да ги обезбеди, стои во соопштението.

Според последните податоци, додаваат, во земјава има 380 згрижувачки семејства и 627 згрижени корисници. 

– Горди сме дека во нашата земја, изминатите пет години ниту едно дете без родителска грижа под 18 години не е сместено во резиденцијална институција.  Над 80 проценти од овие деца се во згрижувачки семејства, а останатите во мали групни домови. Министерството работи и на проширување на капацитетите за предучилишното образование, со цел повеќе деца да имаат можност да посетуваат градинка и на тој начин да обезбедат подобри шанси за успех во следните нивоа на образование … Нека е честит 1 јуни - Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства, додаваат од Министерството. ра/цр

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан