• вторник, 17 декември 2024

Министерството за правда на Русија бара ЛГБТ движењето да се прогласи за екстремистичко

Министерството за правда на Русија бара ЛГБТ движењето да се прогласи за екстремистичко

Москва, 17 ноември 2023 (МИА) – Руското Министерство за правда поднесе барање до Врховниот суд да го прогласи ЛГБТ движењето како екстремистичко и да ги забрани неговите активности.

- Во рамките на својата јурисдикција, руското Министерство за правда поднесе административно-правно барање до Врховниот суд да го прогласи Меѓународното движење за правата на ЛГБТ лицата како екстремистичка организација и да ја забрани неговата активност во Русија, се наведува на веб-страницата на руското Министерство.

Министерството наведува дека властите идентификувале „знаци и манифестации од екстремистичка природа“ во „активностите на ЛГБТ движењето“ во Русија, вклучително и „поттикнување социјален и верски раздор“.

Врховниот суд на Русија закажа рочиште за разгледување на барањето за 30 ноември, соопшти Министерството. јт/

Остани поврзан