• петок, 22 ноември 2024

Министерот Хоџа очекува ВВ „Тиквеш“ да го повлече ценовникот и да постапи согласно договорот

Министерот Хоџа очекува ВВ „Тиквеш“ да го повлече ценовникот и да постапи согласно договорот
Скопје, 5 септември 2020 (МИА) - Денеска е објавен ценовник од винаркста визба „Тиквеш“, кој е некоректен и спротивно од тоа што првично сме го договориле на состанокот со сите винарии, а на кој состанок учествуваше и претставник на винарската визба „Тиквеш“, напиша на својот ФБ профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. - Од ова што првично сме договорени ние немаме намера да отстапиме, така да очекувам од винарската визба „Тиквеш“ да го повлече овој ценовник и да постапи според договореното на заедничкиот состанок, најави министерот Хоџа. Тој информира дека се договориле за девет денари за откуп за „смедеревка“ и 11 денари за „вранец“. - Од државата ќе се субвенционираат  индивидуалните производители со дополнителни четири денари со што ќе ја постигнеме ланската цена, а со два денари субвенција ќе помогнеме и за високосортното винско грозје, објави министерот на својот ФБ. Тоа што плус се договоривме, пишува на својот ФБ министерот Хоџа, беше како да им помогнеме и на винарските визби во делот на извозот на наливно и флаширано вино, но остана само да ја утврдиме методологијата за субвенционирање на 30 проценти на транспортот на флаширано вино односно 20 проценти на транспортот на наливното вино. цр/ев  

Остани поврзан