Министерот Сали се сретна со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Арпагуш
- Во просториите на Владата на Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, и министер за надворешна работа Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.
Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Во просториите на Владата на Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата, и министер за надворешна работа Беким Сали, оствари средба со претседателот на Исламската верска заедница на Република Турција, Сали Арпагуш, Реис-ул-улема Шаќир еф. Фетаху, како и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој.
-За време на средбата се одржа плодна дискусија, со посебен акцент на зајакнувањето на братските односи меѓу двете земји, како и на унапредувањето на меѓурелигиската и институционалната соработка. Соговорниците ја истакнаа важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање во промовирањето на мирот, стабилноста и заедничките вредности, велат од МЕП.

Во овој контекст било нагласено дека традиционалните пријателски односи меѓу Северна Македонија и Турција претставуваат цврста основа за продлабочување на соработката во иднина, особено во областите од заеднички интерес за граѓаните на двете земји. сст/са/
Фото Министерство за европски прашања