• петок, 22 ноември 2024

Министерот Муцунски ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ 

Министерот Муцунски ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ 

Брисел, 24 јуни 2024 (МИА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК) заедно со шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата и државите од Западниот Балкан. 

На делот од заседанието на Советот на кое ќе учествува Муцунски, како што соопшти МНР, ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и за модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во регионот. 

Со заседанието на Советот претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. 

Покрај учеството на ФАК, во рамки на посетата на Луксембург, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај луксембуршкиот голем војвода Анри, а на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел и на работна вечера со министрите за надворешни работи од членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан. 

Муцунски од Луксембург ќе отпатува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија. сп/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан