• недела, 22 декември 2024

Министерот Муцунски го прими францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Министерот Муцунски го прими францускиот амбасадор  Кристоф Ле Риголер

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

Како што соопштија од МНР,оваа средба следува по неодамнешната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, која ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

- Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер, акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата,се наведува во соопштението.

Двете страни размениле мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност. цр/са/

Фото: МНР

Остани поврзан