Министерот Муцунски ги прими на одвоени средби в.д. амбасадорот бин Хамад Ал Тани и амбасадорот Буршаков
- Одвоени средби на министерот Муцунски со вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани и амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков, информираат од МНРиНТ.
На средбата со вршителот на должност во амбасадата на Катар во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, биле потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што беше нагласена заедничката заложба за динамизирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.
Во делот на билатералната соработка, соговорниците ја истакнале потребата од продлабочување на економските и трговските односи, како и од зголемување на обемот на катарски гринфилд и браунфилд директни инвестиции во нашата земја.
На средбата со амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков, соговорниците констатирале дека билатералните односи помеѓу двете земји се добри, при што ја нагласиле потребата од нивно понатамошно продлабочување, особено во економската сфера, како и зајакнување на севкупната билатерална соработка во иднина.
Било изразено и заедничко задоволство од досегашната одлична соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатури во рамки на меѓународните организации. Министерот Муцунски и амбасадорот Буршаков размениле мислења и за други актуелни прашања од заемен интерес, изразувајќи уверување дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет. сст/нд/
Фото МНРиНТ