• понеделник, 17 март 2025

Министерот Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани

Министерот Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи во Кочани. 

- Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда. Нема зборови што можат да ја ублажат тагата на семејствата, но мора да има одговори и постапки што ќе спречат вакво нешто да се повтори. Секој што потфрлил во својата должност мора да сноси одговорност. Во овој тежок момент, изразуваме искрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите, додека на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување, наведува Минчев во објавата. бак/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан