• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Меџити ја почнува акцијата за садење дрвца во општина Липково

Министерот Меџити ја почнува акцијата за садење дрвца во општина Липково

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Во општина Липково во билизина на Филтер станицата денеска првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ќе ја започне акцијата на садење дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.

Целта на акцијата е обновување на шумскиот фонд, заштитување на  почвата од ерозија во близина на еден важен капитален стратешки објект, како што е Липковското езеро,  преку кој се обезбедува водоснабдување на оваа општина.

Активноста се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).

Садењето на 800 илјади садници, наредниве 24 месеци, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се одвива заедно со Јавното претпријатие ,,Национални Шуми” вкупно во пет локации во Северна Македонија: во околината на Липковско Езеро, село Страчинци, Свети Николе, Демир Капија и Гевгелија. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан